Погребот на Алексеј Навални ќе се одржи во петок во Москва, изјави неговата портпаролка во средата по, како што тврдеше ден претходно, потрагата по место каде што неговите следбеници би можеле да се простат од 47-годишниот дисидент кој почина во сибирската казнена колонија на 16-ти февруари.
Кира Јармјуш на социјалната мрежа X објави дека погребната служба ќе се одржи во Црквата на иконата на Богородица во московскиот кварт Марјино и ги повика граѓаните да се соберат таму.
Навални потоа ќе биде погребан на гробиштата Борисовское.
Неговите приврзаници го обвинуваат претседателот Владимир Путин за негово убиство, бидејќи наводно не можел ниту да помисли дека Навални ќе биде ослободен во евентуална размена на затвореници, за што се шпекулира без никакви докази во западните медиуми.
Кремљ негираше вмешаност на државата во неговата смрт и, исто така, тврди дека тие не знаеле за каков и да е договор за ослободување на Навални.
Во неговата смртна потврда пишува дека починал од природна смрт.
Пред четири дена, 12 дена по неговата смрт, телото на Алексеј Навални конечно и беше предадено на неговата мајка Људмила. Ден претходно таа за медиумите изјави дека руските власти и дале ултиматум во рок од неколку часа да го закопа синот тајно меѓу семејството, во спротивно ќе го закопаат во казнената колонија каде што починал.
Кремљ нејзините изјави ги нарече „апсурдни“.
Во вторникот, портпаролката на починатиот опозициски блогер рече дека неговиот тим има потешкотии да најде погребално претпријатие, а исто така тврдеше дека некои од нив наводно одбиле да ја одржат церемонијата кога дознале за кого станува збор.