Доларот стабилен, цените на нафтата во благ пад

На девизните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути е стабилна пред извештајот за инфлацијата.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,86 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,84 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 150,45 на 150,05 јени. Сепак, американската валута благо зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0835 долари, додека вчера во овој период од тргуањето изнесуваше 1,0840 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,07 отсто, на 83,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 78,50 долари.