Вчера во 16 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово во домот на М.Ц. во тетовско Сараќино ја пронашле 14-годишната Ј.Т. од село Волково, скопско, за која во 14.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, нејзината мајка И.Т. пријавила дека се оддалечила од домот, извести СВР Тетово.
Инаку, таа и претходно е пријавувана дека се оддалечувала од домот.
Во присуство на претставник од Центар за социјални работи, малолетничката била предадена на родителите, соопшти СВР Тетово.