Кличко му „мавна директ“ на Шолц: Ако паднеме, нема да бидеме последни во Европа

Поранешниот украински светски шампион во бокс и актуелен градоначалник на Киев, Владимир Кличко изјави дека на вооружените сили на Украина им е потребна муниција, а не војници на НАТО.

– Дебатата за војниците на НАТО во Украина го одвлекува вниманието. Не ни требаат германски војници. Не ни треба војник на НАТО. Сето тоа можеме да го направиме со супериорно оружје што треба да го добиеме од слободниот свет и од НАТО – рече Кличко.

Коментирајќи ги разговорите за испражање западни трупи во Украина и спротивставените ставово на Франција и на Германија по ова прашање, Кличко упати јасна порака.

– Ни треба муниција. Ни треба подобро оружје. Не ни требаат војници – изјави тој во интервју за Билд.

Братот на градоначалникот на Киев, Витали Кличко исто така истакна дека светот „ја напушта Украина“ и дека не обезбедува доволно оружје за одбрана.

Во вторникот, Макрон, говорејќи пред новинарите по конференцијата за поддршка на Украина во Париз, рече дека лидерите на западните земји разговараат за можноста за испраќање војници, но дека не постигнале консензус.

Коментирајќи ја изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Германија нема да испорачува крстосувачки ракети Таурус за одбрана од Русија, бидејќи, како што наведе, постои голем ризик Германија да стане страна во војната,  Кличко рече дека тоа е „многу разочарувачки“.

– За да се одбраниме ни треба оружје! Во војна не се бориш со тупаници како во мојата поранешна кариера! – рече поранешниот боксерски шампион.

Тој ја предупреди германската влада дека ќе има домино ефект доколку не и се доставуваат оружје и муниција на Украина.

– Ако паднеме, нема да бидеме последни во Европа – предупреди Владимир Кличко.