Комесарот за човекови права на ОН: Сите вршат воени злосторства во војната меѓу Израел и Хамас

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Тирк во четвртокот изјави дека воени злосторства биле извршени од сите страни во конфликтот меѓу Израел и Хамас и повика на истрага за воените злосторства и одговорност на сторителите.

„Јасно кршење на меѓународните човекови права и хуманитарното право, вклучително и воени злосторства и евентуално други злосторства според меѓународното право, се извршени од сите страни“, рече Тирк пред Советот за човекови права на ОН во Женева. „

Времето за мир, истрага и одговорност е одамна минато“, додаде тој.

Милитантите на Хамас убија 1.200 луѓе и земае 253 заложници во нападот врз Израел на 7. октомври, според израелските податоци.

Нападот предизвика сеопфатна израелска офанзива во Појсот Газа, палестинската енклава управувана од Хамас. Здравствените власти во Газа, како и меѓународните хуманитарни и здравствени организации, соопштија дека повеќе од 30.000 луѓе биле убиени за време на офанзивата.

Тирк, кој презентираше извештај за состојбата со човековите права во Појасот Газа и окупираната од Израел друга палестинска енклава Западниот брег, рече дека неговата канцеларија снимила „многу инциденти кои би можеле да претставуваат воени злосторства од страна на израелските сили“.

Додаде дека има и индикации дека израелските сили се одговорни за „недискриминирачко или несразмерно таргетирање“ што го прекршува меѓународното право.

Тирк рече дека палестинските вооружени групи кои истрелуваат неселективно проектили кон јужен Израел и држат заложници, исто така, го кршат меѓународното хуманитарно право.

Израел тврди дека прави сѐ што може за да ја минимизира штетата на цивилите, иако поради тоа е жестоко критикуван дури и од својот најголем противни Соединетите држави.

Во говорот што наиде на аплауз од многумина присутни во Советот за човекови права на ОН, палестинскиот амбасадор Ибрахим Храиши рече: „Го осудивме она што се случи на 7-ми октомври и го правиме тоа цврсто, но никој навистина не го осудува фактот дека умираат жените и децата и постарите луѓе“.

Елан Тив, ќерката на поранешниот заложник Авив Зигел, која присуствуваше на говорот на Тирк заедно со нејзината мајка, рече дека оние кои аплаудираа на палестинската интервенција „треба да се срамат од себе“.

„Не би требало да можете да спиете ноќе, бидејќи има деца кои умираат од двете страни“, рече Тив, чиј татко Кит и натаму е заробен во Газа.

Тирк додаде дека копнената офанзива во јужниот пограничен град Рафах, каде што се проценува дека се преполни 1,5 милиони луѓе откако ги напуштиле своите домови за да избегаат од израелската офанзива, ќе доведе до огромни жртви.

Посочи дека таков напад ќе го зголеми ризикот од злосторства, ќе поттикне поголемо раселување и ќе „потпише смртен налог за секоја надеж за ефикасна хуманитарна помош“.