Тече рокот во кој кандидатите собираат потписи. Според последните информации од ДИК најблиску до потребните 10 000 потписи се професорката Билјана Ванковска и градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски. До 20 часот вчера Ванковска има собрано 9722 потписи, додека Јакимовски собрал 9265 потписи.
Сосема извесно е дека Ванковска и Јакимовски се следни кои ќе им се придружат на Димитриевски, Таравари и Османи кои веќе обезбедија влез во претседателската трка. Останатите кандидати се се уште далеку од целта.
Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат промовирани викендов за кога двете партии закажаа конгреси.
Крајниот рок за собирање на потписи е 8ми март.