![toskovski dksk](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/toskovski-dksk.jpg?resize=696%2C412&ssl=1)
Денеска (01.03.2024г.) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со претседателката Татјана Димитровска и претставници од Државната комисија за спречување на корупција.
На средбата претседателката ги презентираше тековните активности на комисијата и ја потенцираше обврската што ја имаат согласно изборниот законик, а се однесува на објавување на регистар на службени возила на државните институции на нивната веб страна и во таа насока побара од страна на МВР да бидат доставени соодветни податоци.
Министерот Тошковски истакна дека соработката што ја имаат овие две институции треба да се негува и продлабочува, па во таа насока во иднина потребно е да се потпише соодветен меморандум.