Променливо облачно со услови за локални врнежи

Во сабоата на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно вре,е со услови за краткотраен локален дожд.

Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринските температурите се движат од 0 до 9, додека максималните дневни соодвветно ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде до 16 степени.