Голема полициска акција во струмичко – уапсени повеќе лица, меѓу нив е и поранешен градоначалник

Големо полициско присуство во Струмичко.

Според информаците до кои дојде Нетпресс, има уапсено повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела, како криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница.

По неколку месечната затворска казна во 2019 и 2020 година го прошири бизнисот во енергетскиот сектор, но и со отварање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана, по претходно издадени лиценци од Владата.  Според информациите од упатените, производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија, но и пошироко во регионот.