ВТА Остин: Јуан ја освои својата прва титула во кинеското финале

Кинеската тенисерка Јуан Јуе, 68. на ВТА ранкингот, е победничка на ВТА 250 турнирот во американски Остин, каде во неделното финале ја победи сонародничката Ванг Ксију, 64. на ВТА, со 6-4, 7-6 (4).

На Јуан ѝ беа потребни седум меч топки за победа, три неискористени во деветтиот гем и уште четири во тај-брекот од вториот сет во кој водеше со 6-1.

За 25-годишната Јуан ова е прва ВТА титула во кариерата, а ја освои во своето второ финале. Таа првпат играше минатата година во Сеул. Нејзината 22-годишна сонародничка минатата година славеше на домашен терен во Гуангжу, но во Остин не најде рецепт за победа.

Јуан Јуе во понеделник првпат ќе се најде меѓу најдобрите 50 тенисерки во светот, бидејќи скокна на 49. место. Ванг Ксију ќе се пласира три места подолу, на 52. позиција.