
Кошаркарите на Бостон Селтикс и Голден Стејт Вориорс одиграа неверојатен натпревар во НБА лигата, ноќта кон понеделникот, во кој Бостон победи со 52 поени разлика, на крајот резултатот гласеше 140:88.
Тоа беше реприза на големото НБА финале од пред две години кога Голден Стејт ги совладаа Бостон, но овојпат улогите беа целосно обратни и Селтикс ја остварија третата најголема победа во клупската историја, а Голден Стејт четвртиот највисок пораз во својата историја.
Првата четвртина веќе покажа дека се подготвува нешто чудно и домашните 44:22, а на полувремето Бостон имаше неверојатни 82:38. Во третиот период, Бостон продолжи со 50 или повеќе поени разлика и на крајот победи со 52 поени разлика.
Кај Бостон најдобри поединци беа Џејлен Браун со 29 поени и Џејсон Тејтум со 27 поени. Комбинираа одлични 9 од 15 за „тројки“, а Тејтум погоди четири од пет. Пејтон Причард додаде 19 поени со шест асистенции и скока.
Прв стрелец на Голден Стејт беше Лестер Кинонес, кој постигна 17 поени од клупата за резерви. Стивен Кари одигра вкупно 17 минути и постигна четири поени за тројки 0-9.
Оклахома Сити го совлада Феникс со 118:110 на гостински терен. Поради истовремнеиот пораз на Минесота, врвот на Западната конференција го презеде Оклахома Сити, која ја предводеа Шаи Глиџеус-Александер со 35 поени, девет асистенции и осум скока и Џејлен Вилијамс, кој постигна 22 поени. Кај Феникс одличен беше Бредли Бил кој постигна 31 поен, додека Јусуф Нуркиќ постигна 14 поени и имаше дури 31 скок.
Иако без најдобриот играч Џоел Ембиид, Филаделфија го совлада Далас со 120:116 на гостински терен. Многу добро кај гостите завршија Тобијас Харис со 28 поени и пет скока и Тајрис Макси кој постигна 24 поени. Словенецот Лука Дончиќ оствари нов „трип-дабл“ учинок за Далас, но тоа не беше доволно за успех. Тој постигна 38 поени со 10 асистенции и 11 скока.