Дебакл на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во Рим каде пред два дена беше присутен на собир на Партијата на Европските социјалисти.
Ковачевски иако бил повикан, организаторите не му дозволиле да влезе на настанот.
Влијателниот медиум Политико, објави изјава од екс премиерот Ковачевски, апропо ситуацијата.
Јас кога канам луѓе ги канам да влезат, а не да останат на улица, изјавил Ковачевски откако бил одбиен да влезе на собирот на елитата на Европските социјалисти.
Поранешниот амбасадор во Италија, Оливер Шамбевски, ја потврди информацијата.
„Абе овие не ги пуштиле да влезат на прием на социјалистиве во Рим. Според моите информации, еве потврдени и од Политико, Рада и Таче не можеле да влезат на приемот…
хахахахахаха… Брука! Тоа е!“, напиша тој на социјалната мрежа Фејсбук.