
Играчите на Албанија во Тирана ги пречекаа илјадници луѓе.
По прекинатиот натпревар во весело расположение фудбалерите на Албанија отишле на аеродромот Никола Тесла, каде при чекирањето пушеле цигари и се фотографирале смеејќи се на глас, пренесуваат српските медиуми.
Натпреварот Србија- Албанија беше прекинат поради појавувањето на леталото со знамето на Голема Албанија што доведе до поголеми инциденти, а исходот ќе биде познат по состанокот на надлежните комисии на УЕФА.