Газдата на Фершпед собирал потписи за Стевчо Јакимовски за да му се легализира тениското кај Александар Палас?!

Градоначалникот на скопската општина Карпош направил таен договор со генералниот директор на Фершпед, Драган Наков, за собирање на потписи за претстојните претседателски избори во Македонија, во замена за легализација на објекти на фирмата велат за НетПрес доброупатени извори од партијата ГРОМ.

Нашите неофицијални информации говорат дека Наков лично агитирал, односно дека наводно дал насоки на вработените во неговите компании да се потпишат за Стевче Јакимовски.

Синот на Штерјо Наков ова го направил со цел да издејствува легализација на тениското игралиште кое е во состав на хотелот Александар Палас, како и кафулето на теинското игралиште. Исто така, нашите извори велат дека на Наков „средување“ на документи му биле потребни и за поставените фотоволтаици за производство на електрична енергија, на паркингот пред хотелот, кој е државно земјиште и за што немал одобрение од општина Карпош. Инаку, моментно во општина Карпош се водела постапка за овој случај.