Писториус: Протекувањето информации во германската армија е резултат на „индивидуална грешка“

(Photo by Britta Pedersen / POOL / AFP)

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во вторникот ги припиша неодамнешните протекувања доерливи информации од германската војска за испораките на оружје во Киев на сериозна „индивидуална грешка“, при што еден од офицерите наводно учествувал на состанокот преку „неофицијална врска“.

„Првите резултати од истрагата за протекувањето покажаа дека комуникациските системи на германската армија не се и не биле загрозени“, т тврдеше германскиот министер на прес-конференцијата.

Писториус тврди дека комуникацискиот систем на Бундесверот е генерално доверлив и дека „довербата“ на сојузниците во Германија „останува недопрена“.

Еден од учесниците, кој бил во Сингапур, се вклучил во видео-конференциската комуникација преку „неовластена врска, значи речиси отворена врска“, што „доведе до протекување на податоците“.

Истовремено се одржувал и аеромитинг на кој учествувале и високи офицери на сојузничките европски земји, што, како што рече Писториус, е „благословен леб за руските тајни служби“. Пристапот на руските шпиони до дискусијата на германските офицери преку комерцијалниот канал Webex „беше резултат на случајност во контекст на прислушување од големи размери“, рече тој.

Според германскиот министер, тоа е „сериозна грешка што не требаше да се случи“, но во однос на нивото на доверливост, проблемот е „премостлив“. Писториус најави истрага за целиот случај, но изјави дека во оваа фаза „не се предвидуваат поединечни последици“.

„Нема да му одат во полза на (рускиот претседател Владимир) Путин жртвувајќи ги моите најдобри офицери“, ја појасни Писториус таквата одлука.

Емитувањето на доверливиот разговор на четворицата високи офицерите на германската армија за воена помош за Киев во петокот во Русија се претвори во државна работа во Германија и предизвика непријатност кај партнерите на земјата.

Конкретно германските команданти разговараат за множното снабдување на Киев со ракети со долг дострел „Taurus“, произведени во Германија, иако канцеларот Олаф Шолц неодамна ја отфрли оваа можност. Притоа, германските офицери го разработуваат планот како да ги обучат украинските војници за ракување со ова софистицирано оружје за кое е неопходно сателитско наведување, како и дали ќе биде потребно присуството на германскивоени екипажи во Украина, и како притоа да се прикрие вклученоста на Германија.

Притоа, германските офицери всушност откриваат дека англиски и француски колеги управуваат со користењето на ракетите „Storm Shadow“/SCALP кои ги користи украинската војска.

Во текот на дискусијата германските офицери разгледуваат кон кои руски цели би можело да биде употребено тоа оружје споменувајќи го Кримскиот мост, кој го поврзува црноморскиот полуостров Крим директно со Керч на руското компно, при што еден офицер нагласи дека ќе бидат потребни меѓу 10 и 20 проектили за да се урне.