Претседателот на ОК Гевгелија Димитар Вегов вели дека 4000 нерешени предмети создадоа хаос во Подрачната единица на Управата за имотно правни работи во Гевгелија.
-Системот целосно колабира заради СДС и ДУИ. Малкуте вработени лица и ангажирањето на само 1 геодет за целиот регион резултира со хаос во којшто се втурнати граѓаните.
СДС и ДУИ мора да одговорат:
1. Дали намерно не се вработува во Управата, за да се казнат гевгеличани за поразот на СДС?
2. Дали за распишување оглас за работа во Управата ве кочи што нема заинтересирани во локалниот СДС?
3. Дали знаете дека на овој начин создавате услови за корупција, ама и револт кај граѓаните со намера да го насочите кон локалната власт?
Нема да ви успее! Граѓаните се свесни каде е вината и јасно покажуваат желба да се порази СДС. Сликата за Управата за имотно правни работи во Гевгелија е слика за нефункционирањето на владата на СДС и ДУИ. Граѓаните знаат дека по смената на власта може да очекува целосна реорганизација на оваа управа и заглавените предмети конечно да добијат завршница во разумен рок, истакнува Вегов.