Намалена видливост поради појава на магла од 100-150 метри има на планинскиот превој Ѓавато. На другите државни патиша сообрачајот се одвива тековно, по претежно суви коловози.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.