Досега се вакцинирани повеќе од 22.000 лица против голема кашлица

Министерот за здравство, Илир Демири, во вчерашното гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ21 потенцираше дека вакцинацијата е најголемото достигнување.

Тој информираше дека со самото прогласување на епидемија на голема кашлица во градот Скопје досега вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица.

Во емисијата тој посочи дека вакциналните пунктови работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имунизираат своите деца, гарантирајќи дека вакцините немаат никаква врска со аутизмот.

Во однос на функционирањето на здравствениот систем, Демири рече дека има потреба од регионализација.

Демири изјави дека доколку му е дадена можноста да продолжи да ја извршува позицијата министер за здравство по изборите ќе се труди за формирање на регионални центри во Битола, Штип, Куманово и Тетово. Со ова, пациентите ќе добиваат здравствена услуга најблиску до местото на живеење. Како пример за регионален центар ја посочи Клиничката болница Тетово каде работел на оваа идеја пред да стане министер.