Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2023 година е 0,9%, објави денеска Државниот завод за статистика.
Минатата година, стапката на раст на БДП во првото тримесечје изнесуваше 2,1 %, во вториот квартал 1,1%, а во третиот квартал 1,2 %.
Според тоа, домашниот бруто производ (БДП) лани пораснал само за 1,33%
Во четвртиот квартал лани поголем пораст имало само во секторите: градежништво, од 5,5 % и финансиски дејности и дејности на осигурување од 3,5%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2023 година, номинално растела за 5,8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,9%.
Во истиот период, според статистичките податоци, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 0,1%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,3%.
Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите.
Минатата година, стапката на раст на БДП во првото тримесечје изнесуваше 2,1 %, во вториот квартал 1,1%, а во третиот квартал 1,2 %. Според тоа домашниот бруто производ (БДП) лани пораснал само за 1,33%