Голем дел од Сараево остана без вода поради оштетување на главниот цевковод за водоснабудвање, јавуваат локалните медиуми.
Екипите веднаш изгледе на терен и веднаш започнале со отстранување на дефектот. Но бидејќи се работи за ретко и исклучително тешко оштетување на водоводната цевка, не е познато кога работата ќе биде завршена, пренесува Фена.
Поправката е отежната, бидејќи од едната страна на цевководот се наоѓаат електрични кабли, а од другата страна канализациски цевки, наведуваат од сараевското претпријатие Водовод.