Речиси 3.000 бремени жени во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, се изложени на ризик да им биде оневозможена основната здравствена заштита доколку продолжи сегашната блокада на градот, предизвикана од нападите на вооружените банди, соопштија денеска Обединетите нации.
Интегрираната канцеларија на ОН на Хаити (БИНУХ) соопшти дека околу 450 бремени жени од вкупно околу 3.000 се изложени на ризик од потенцијално фатални акушерски компликации.
БИНУХ, исто така, предупреди дека повеќе од 500 жени жртви на сексуално насилство од вооружени банди би можеле да останат без медицинска помош до крајот на март.