Променливо облачно со сончеви периоди

Во недела во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат во интервеалот меѓу 1 и 7, додека дневни соодветно ќе бидат од 7 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува.