Имамот на Големата џамија во Приштина во домашен притвор

Приштинскиот Основен суд го ослободи од притвор имамот на Големата џамија во Приштина, Шефќет Красниќи, одредувајќи му мерка домашен притвор во траење од 30 дена, јавуваат косовските медиуми, повикувајќи се на неговиот адвокат Бајрам Тмава.

Судот претходно му одреди мерка притвор на Красниќи под сомнеж за кривично дело против уставниот поредок и безбедноста на Косово.

Красниќи е уапсен со уште неколку имами на 17 септември под сомнеж дека регрутира млади Албанци за борбите во Сирија и Ирак.