Штип оддаде почит на Евреите кои насилно биле однесени во логорот на ужасите

Пред 81 година светот ја доживеа најтрагичната епизода во човечката историја, а ужасите во логорот Треблинка не смеат да се заборават. Ваква порака денеска од Штип беше испратена при одбележување на холокаустот на македонските Евреи.

„Додека се присетуваме на ужасите од 1943, не смееме да ја заборавиме војната во Газа, порача амбасадорката на Израел во Македонија, која побара итно ослободуваање на 134 заложници коишто се задржани од ХАМАС. Војната во Газа се уште трае и Хамас се уште држи 134 заложници. Знаеме дека помеѓу нив има 19млади жени кои во тунелите на Хамас страдаат од сексуално вознемирување и злоупотреба. Сите ние мора да дејствуваме и да повикаме на нивно ослободување и да не ги оставаме таму, бидејќи со секој изминат ден, им ги загрозуваме животите„ изјави Симона Франкел, Амбасадорка на Израел во Македонија

Штип секоја година им оддава почит на 543 Евреи кои живееле во градот, а ноќта помеѓу 10 и 11март 1943 година насилно биле однесени во логорот на ужасите.

„Еврејската заедница е нераскинлив дел од нашето минато, но и наша обврска да ја продлабочиме соработката којашто ја имаме со Еврејскиот народ. Дефинитивно и во периодот што следи како град имаме обврска да ја вклучиме Еврејската заедница во организирање на културно-уметнички настани„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип. .

Традиционално и оваа годинава се одржа поворката на живите, а делегација ги посети споменикот на депортираните Евреи и Еврејските гробишта во Штип.