Доларот стагнира, цените на нафтата паѓаат

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во првиот дел од тргувањето во понеделникот стагнира во однос на кошницата валути , по минатонеделниот пад.

Индексот на доларот кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,72 поени, додека во петокот на затворањето на тргувањето изнесуваше 102,74 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 147,05 на 146,95 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0945 долари, додека во петокот на крајот од трговскиот ден изнесуваше 1,0940 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, дополнително паднаа, откако минатата седмица се лизнаа за повеќе од 1,8 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,58 отсто, на 81,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,65 отсто, на 77,50 долари.