ФОТО| Скопската полиција спречи шверц на мобилни телефони вредни неколку милиони евра

Скопските полицајци вчеравечер спречиле шверц на окоу два тони мобилни телефони спакувани во палети, дознава НетПрес.

Мобилните уреди биле од премиум модели од марките iPhone и Samsung. Според првичните неофицијални проценки станува збор за околу 10.000 мобилни телефони вредни најмалку околу 7 милиони евра.

Скопската полиција за заплената веднаш го известила надлежното јавно обвинителство, но и пријавила и во службата за мобилна царина. Се чека Царинската управа да истражи како оваа огромна пратка успеала да влезе во земјава незабележано.