Лига на шампионите: По пеналите Арсенал во четвртфиналето

Фудбалерите на Арсенал по драматичната пресметка на својот стадион „Емирати“ се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите, со вкупни 5:3 по изведувањето на пеналите клубот од Лондон го исфрли Порто.

Регуларните 90 минути завршија со 1:0 за Арсенал, со што беше анулирана идентичната победа на Порто на стадионот „Драгао“ во првиот натпревар. Единствен стрелец во Лондон беше белгискиот фудбалер Леандро Тросард во 41. минута. Откако немаше голови ниту во продолженијата, одлуката се носеше со пенал-рулетот, каде на крајот Арсенал победи со вкупни 5:3. Сите играчи на Арсенал беа прецизни, погодија Одегард, Хаверц, Сака и Рајс. За Порто смирени и прецизни беа Пепе Акино и Грујиќ, но Вендел ја погоди стативата, додека ударот на Гален го одбрани Дејвид Раја за големо славје на Арсенал.

Арсенал се наметна уште од почетокот на дуелот, но на неговите играчи им бепе потребано време вистински да им се заканат на гостите од Португалија. Сака и Одегард ги имаа првите солидни обиди, но Порто релативно брзо се ослободи од притисокот и храбро тргна напред. Најдобрата шанса во почетокот на мечот ја имаше гостинскиот играч Еванилсон, кој во 23. минута солно и прецизно шутираше од десетина метри, но голманот на Арсенал, Давид Раја, одлично одбрани.

До крајот на полувремето се играше повеќе на гостинската половина, но поопасни беа нападите на Порто. Бразилецот Еванилсон беше особено разигран, но и покрај тоа Арсенал поведе во мирниот дел од првото полувреме. Половина работа заврши брилијантниот Норвежанец Одегард, кој со брилијантна асистенција измами тројца ривалски играчи. Топката беше испратена до Тросард, кој прекрасно откосо погоди во спротивниот агол за 1:0 на Арсенал.

Во сличен ритам продолжи и второто полувреме. Иако Арсенал доминираше со поседот на топката и повеќе напаѓаше, Порто беше многу опасен при секое упатување кон домашниот гол. Арсенал го постигна вториот гол во 68. минута. Мрежата на Порто ја затресе Одегард, но домашните навивачи многу брзо беа замолчени, бидејќи беше забележан фаул во нападот на Хаверц врз Пепе. Веднаш во следната акција Порто се закани, но ударот на Консеишао од врвот на шеснаесетникот го запре Раја.

Во самиот финиш на натпреварот Арсенал ја имаше најквалитетната офанзива во текот на натпреварот. Во 82. минута, веднаш штом влезе на теренот Габриел Жесус имаше одлична шанса, но не успеа да му ја протурка топката низ нозете на голманот на Порто, Диого Кошта. Потоа шутираше Сака, Одегард не можеше да го погоди делумно празниот гол и поради тоа мечот отиде во продолженија. Во текот на сите 30 минути продолжение не се создаде ниту една вистинска шанса на двете страни. Може да се издвои само ударот од агол на играчот на Порто, Тареми, кој отиде далеку од голот и новата луцидна асистенција на Одегард, која не беше крунисана со ништо посебно. Во играта сѐ повеќе имаше нервоза и лежење на тревникот, а се помалку ризикуваше.

Затоа вкупниот победник мораше да се решава со удари од пенали. Таму прецизни беа сите четворица изведувачи на Арсенал, додека трагичари од другата страна беа Вендел и Галено кои не ги реализираа своите удари.

Минатата седмица пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите изборија Пари Сен Жермен, Баерн Михне, Реал Мадрид и Манчестер Сити, а во вторникот им се придружија Барселона и Арсенал, додека во среда се играат последните реванш осминафиналето. Борусија и ПСВ ќе играат во Дортмунд по 1:1 на првиот дуел во Ајндховен, додека Атлетико и Интер ќе играат во Мадрид. Водечкиот италијански тим во моментов славеше пред своите гледачи со 1:0 во првиот натпревар.