Бајден гарантира цврста американска поддршка за Полска

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот ги увери полските државни челниици дека американската поддршка за Полска е цврста, додека меѓу американските сојузници во Европа постои загриженост без јасни докази дека наводно рускиот претседател Владимир Путин нема да ја запре воената операција на границите на Украина.

Бајден се состана со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Доналд Туск во Белата куќа за да разговараат за безбедносната ситуација и што може да значи неодамнешниот територијален напредок на Русија во Украина за тензичниот регион.

Полскиот претседател разговараше со Бајден за неговиот предлог сојузниците во НАТО да го зголемат буџетот за одбрана од 2 на 3 отсто од брито домашниот производ (БДП) за да одговори на, како што рече, „војната од целосни размери што Русија ја започна веднаш до источната граница на НАТО“.

Бајден, по повод 25-годишнината од членството на Полска во НАТО, повтори дека САД го поддржуваат членот 5 на НАТО од договорот за одбрана, според кој нападот врз еден сојузник се смета за напад врз сите. Тој посочи дека американската поддршка за Полска е цврста.

Минатиот месец, веројатниот противник на Бајден на изборите, поранешниот претседател Доналд Трамп, рече дека нема да ги заштити сојузниците од НАТО кои не трошат доволно за одбраната и дека ќе ја охрабри Русија „да прави што сака“.

Американскиот претседател го повика Конгресот да донесе закон со кој ќе се овозможи испраќање помош во вредност од 60 милијарди долари за Украина. Сенатот го усвои законот минатиот месец, но републиканските лидери во Претставничкиот дом поставија свои услови на коишто деморкатите на Бајденсе не се согласуваат а се однесуваат на издвојување за зајакнување на порозната за милионите нелегални мигранти граница со Мексико.

„Мораме да дејствуваме пред да биде буквално предоцна затоа што Русија, како што добро се сеќава Полска, нема да застане на Украина. Путин ќе продолжи понатаму, ставајќи ги во опасност Европа и САД и целиот слободен свет, според мене“, рече Бајден.