
Најмалку 24 планинари и водичи загинаа во снежно невреме на непалската страна на Хималаите, соопштија денеска локалните власти, стравувајќи дека бројот на жртвите може да биде поголем.Телата на настраданите странски планинари и непалски водачи пронајдени се на патот Анапурна, кој планинарите често го користат.
На популарната патека Анапурна пронајдени се 24 тела додека за петмина планинари кои останале во камот кога дошло до лавина, се претпоставува дека загинале, а нивните тела се уште не се пронајдени, пренесува АФП.
Тројцата непалски водичи загинаа во снежно невреме предизвикано од циклонот Худхух кој го погоди хималајскиот регион во централен Непал.
„Спасувачките служби успеаја да спасат 43 заглавени планинари, но за повеќе од 100 се трага,“ изјави полицискиот претставник Ганеш Раи.Меѓу исчезнатите се и двајца словачки планинари и тројца непалски водичи кои биле стационирани во камп на висиона од 8.167 метри кога дошло до лавина.
„Хеликоптерите се обидоа да ги лоцираат но нема никакви знаци, затоа претпоставуваме дека се мртви,“ изјави Раи.
Како што беше објавено пронајдени се и телата на четворица Канаѓани, двајца Израелци, по еден Полјак, Виетнамец, Индиец и Германец и 11 Непалци, додека за тројца се уште не се знае националноста.
„Најголем дел од нив ги изгубија животите во лавина во областа Мананг,“ изјави Раи.
Областа Анаупурна ја погодија невообичаено големи снежни врнежи оваа недела предизвикани од циклонот Худхуд. Овој непалски дел на Хималаите се користи за освојување на Монт Еверест.