Израелски функционер рече Нетанјаху е лут на Бајден и ЦИА

Израелски функционер рече дека премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучил да се соочи со американскиот претседател Џо Бајден и дека односите меѓу двете страни се приближуваат до точка од која нема враќање.

Израелскиот Канал 12 цитираше висок израелски функционер дека Нетанјаху е лут поради извештајот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) кој укажува на можноста израелскиот премиер да ја загуби власта.

Израелскиот функционер додаде дека Нетанјаху, по извештајот на ЦИА, решил да се вклучи во силна конфронтација со Бајден.

Оценката на американската разузнавачка заедница беше дека постои зголемена недоверба кај Израелците во способноста на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да продолжи да владее со земјата, а се предвидува и избувнување на големи протести со барање негова оставка. Исто така, сметаат дека има големи шанси за формирање, како што ја нарекоа, поинаква, поумерена влада.