
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, изјави за франц уската телевизија ТФ1 дека прекинот на фудбалскиот меч меѓу Србија и Албанија е „срамен“ и додаде дека „не само што е срамен, туку замислете дронот да дојдеше на теренот и на него да била бомба наместо знаме, што ќе се случеше тогашп?“
Платини соопшти дека ќе биде покрената дисциплинска истрага, додавајќи дека се чека извештајот на судиите, делегатите и едното официјално лице за безбедност кое било пратено специјални бидејќи УЕФА знаела дека средбата на овие две репрезентации може да доведе до опасност.
„Тажно е, но мора да се признае дека постои опасност, поготово во земји каде постои огромна политичка нетпреливост“, подвлече Платини.
Белгискиот дневник „Dernijer er“, на својата интернет страна истовремено соопшти дека УЕФА веќе покренала истрага и наведува дека „на Србија и замерува за фрлањето на петарди и бакли, лошиот надзор над навивачите, влезот на теренот на навивачите, лошата организација и корстењето на ласери“.
„Албанија е на удар поради одбивањето на нејзините фудбалери да продолжат да играат и поради веењето на недозволено знаме“, пишува белгискиот весник.
Весникот наведува и дека претседателот на ФИФА, Сеп Блатер се огласил преку Твитер порачувајќи дека „фудбалот никогаш не смее да се користи за политички пораки. Јас одлучно го осудувам она што се случи во Белград“.