Еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Дражен Петровиќ, доколку беше жив, на 22 септември оваа година ќе наполнеше 60 години.
По тој повод, неговиот брат Александар Ацо Петровиќ на социјалните мрежи најави ревијален натпревар кој ќе се одржи во Загреб, а на којшто ќе учествува репрезентацијата на Хрватска и засега непознат противник.
Ревијалниот меч ќе се одржи на петти септември во „Арена Загреб“, а во моментов најблиску да биде противник на хрватската репрезентација е екипата на Реал Мадрид, една од оние во кои настапуваше легендарниот Дражен Петровиќ.
Желбата на неговиот брат беше во Загреб да дојде една од НБА-екипите за кои настапуваше неговиот брат, но во моментов таа замисла не може да се реализира.