Доларот зајакна, пад на цените на нафтата

На девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути значително порасна во петокот во претпладневното тргување, по вчерашниот извештај за цените на производителите.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,45 поени, додека во четвртокот во истиот период од тргувањето изнесуваше 102,77 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,70 на 148,50 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0880 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0950 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,18 отсто, на 85,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,16 отсто, на 81,15 долари.