Путин: Директен конфликт меѓу Русија и НАТО би бил чекор кон третата светска војна

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот го предупреди Западот дека директен конфликт меѓу неговиот воен блок НАТО предводен од САД и Русија ќе значи дека светот е на работ на Трета светска војна, но рече дека ретко кој сака такво сценарио.

Украинската војна ја предизвика најдлабоката криза во односите меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година. Изминатата деценија и половина Путин дека ширењето на НАТО на истокот преставува директна закана за безбедноста и опстанокот на Русија, а по почетокот на инвазијата во соседната земја, или како што тој на нарекуа „специјална воена операција“ за заштита на тамошното руско населние, често предупредуваше на ризиците од нуклеарна војна, но вели дека никогаш не почувствувал потреба да користи нуклеарно оружје во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон од минатиот месец неколкупати изјави дека не може да ја исклучи можноста за распоредување копнени сили во Украина во иднина, при што многу западни земји се дистанцираат од него, додека други, особено балтикчките земј, му изразија поддршка.

На прашањето на Reuters за изјавите на Макрон и ризиците, односно можноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, Путин духовитео одговори: „Во современиот свет сѐ е можно“.

„На сите им е јасно дека ова ќе биде само еден чекор од целосна трета светска војна. Мислам дека ретко кого има интерес за тоа“, им рече Путин на новинарите откако ја постигна најголемата победа во постсоветската руска историја.

Сепак, Путин додаде дека воениот персонал на НАТО е веќе присутен во Украина, велејќи дека Русија знае дека на бојното поле се зборува и англиски и француски.

„Таму нема ништо добро, пред сѐ за нив, затоа што умираат таму, и тоа во голем број“, рече тој.