Намирници кои ги уништуваат бубрезите и треба да се избегнуваат

Бубрезите се витален дел од човечкото тело бидејќи се одговорни за чистење на токсините во него. Затоа, стручњаците препорачуваат да се избегнуваат пет намирници за да се одржи нормалната работа.

Премногу сол е штетна за срцето. Иако солта, за разлика од шеќерот, е неопходна за здраво функционирање на организмот бидејќи учествува во повеќе процеси, прекумерното консумирање сол може да биде штетно за срцето и за бубрезите. Се препорачува умерен внос на сол.

И црвеното месо треба да се јаде не повеќе од 2-3 пати неделно. Камењата во бубрезите се една од компликациите кои можат да настанат како резултат на претерување со ова месо.

Вештачките засладувачи како замена за шеќерот може да доведат до разни компликации, особено за бубрезите. Затоа, најдобро е целосно да се избегнуваат преработени слатки.

Намалувањето на алкохолот е добро и за бубрезите и за црниот дроб. Тоа има бројни придобивки за човечкото тело.

Кафето, т.е кофеинот е „отров“ кој се филтрира преку бубрезите. Не претерувајте со консумирање кафе, особено ако имате семејна историја на бубрежни заболувања.