Претежно облачно, посвежо и со повремен дожд, а на повисоките места од снег

Во Македонија во вторникот ќе преовладува претежно облачно време, ќе биде посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали.

Утринските температури се движат од 2 до 8, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе достигне до 12 степени.