Триесет и осум годишен жител на Македонска Каменица со иницијали Г.З., вработен како полицаец во Шумска полиција, заедно со 28-годишниот З.В и 47-гпдишниот Д.Н. двајцата од селото Саса заработиле кривични пријави за кражба.
Г.З. освен кривична за кражба заработил и кривична за “злоупотреба на службената положба и овластување” во петокот ги упатил второ и трето пријавениот на во атарот на с.Саса, при што истите со товарно моторно возило со делчевски регистарски таблици отишле на наведеното место од каде од поголема количина на дрва одзеле околу 12 метри просторни букови дрва сопственост на Македонски шуми кои предходно биле исечени и складирани на наведеното место.
Со пријавеното кривично дело направена е материјална штета во износ од 31.128 денари на штета на Македонски шуми.