
Времето во Македонија во средата по студеното утро преку денот ќе биде сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од 0 до 5, додека соодветено максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 8 и 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Темпратурата ќе достигне до 16 степени.