
Предлогот за формирање нови центри за азил во Словенија ќе го разгледува Комисијата за внатрешни работи при словенечкиот парламент. Канцеларијата за згрижување и интеграција на мигранти веќе подолго време бара нови локации за центарот за азил во време кога е во пораст бројот на илегални мигранти кои ја минуваат границата во Словенија.
Поради пренатрупаноста на центарот за азиланти во Љубљана, Владата одлучи да ги изолира центрите во Брежице и Средич на Драва, што предизвика незадоволство. Истовремено, се предупредува дека и годинава се зголемува бројот на неовластени гранични премини меѓу Словенија и Хрватска.
До средината на март, словенечката полицијата обработила повеќе од 7.900 странци кои илегално ја преминале границата.