Австриска банка под притисок на САД поради планирана трансакција со руска компанија

САД бараат од австриската „Raiffeisen Bank International“ (RBI) да се откаже од планираното купување на удел во австриската градежна компанија Страбаг од руски холдинг во сопственост на санкциониран бизнисмен, велат за Reuters повеќе извори.

Банката RBI треба да купи удел во „Strabag“ од руската „Rasperia Trading Limited“, холдинг со статус на руска „меѓународна компанија“ а чиј санкциониран од САД и ЕУ е бизнисменот Олег Дерипаска.

За да добијат таков статус, компаниите мора да бидат сместени во специјалните економски зони во Калининград или на рускиот остров и да инвестираат во овие области минимум 50 милиони рубли, се вели во извештајот на американскиот институт Brookingsс. Така, тие ги исполнуваат условите за посебни даночни олеснувања и други поволности.

Австриската банка во декември нагласи дека трансакцијата „дополнително ја намалува нејзината изложеност кон Русија“ и ослободува дел од блокираните пари. Руската филијала на австриската банка ќе ѝ плати на „Rasperia“, која поседува нешто повеќе од 1,5 милијарди евра за 28 отсто удел во „Strabag“, објавија тогаш. Трансакцијата ќе треба да биде одобрена од Кремљ и о австрискиот регулатор, кој го замрзна уделот на Дерипаска во „Strabag“ поради санкциите на Западот.

Високи функционери на американското Министерство за финансии на состаноците со банката и австриските власти во последните седмици нагласија дека оваа трансакција ги загрижува, бидејќи Дерипаска е под санкции, наведуваат информирани извори. Американските власти веруваат дека рускиот бизнисмен ќе има корист од продажбата и побарале од RBI детали за поединците и компаниите вклучени во аранжманот, велат изворите.

Доколку „Raiffeisen“ навистина продолжи со трансакцијата и се докаже дека договорот ги прекршува американските санкции, Вашингтон би можел да ја намали казната за банката, велат за Reuters два извора. Имајќи ја на ум позицијата на САД, еден соговорник рекол дека австриските власти ќе го одложат одобрувањето, додека друг рекол дека самата банка се подготвува да се откаже од трансакцијата.

Портпаролот на RBI вели дека банката „темелно ја потврдила“ нејзината усогласеност со сите важечки санкции пред да ги потпише и ги информирала сите релевантни органи, вклучително и Министерството за финансии на САД и Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), во последните недели.

„Се подразбира дека RBI нема да спроведе никаков договор што би ги прекршил санкциите или би го изложил RBI на ризик од санкции“, рекол портпаролот.

Портпаролката на Дерипаска потсетува дека таа веќе изјавила дека тој нема контрола врз компанијата што има удел во „Starbag“, додавајќи дека западните санкции се непримерени и се засноваат на лажни обвинувања.

 

ЕУ „во близок контакт“

Канцеларијата за контрола на странски средства на САД почна да ги истражува операциите на RBI во Русија пред повеќе од една година, а одделот за банкарски интегритет на американското Министерство за правда, исто така, започна истрага, изјави едно лице запознаено со ова прашање. Друг извор рекол дека висок функционер на американското Министерство за правда е во редовен контакт со австриската банка поради нејзините врски со Русија и дека често ја посетува Виена. Од Министерството за правда не сакале да коментираат.

Клучните австриски функционери се гневни од, гледано од нивна перспектива, американското малтретирање на мала неутрална земја и досега цврсто ја бранеа банката како дел од влијателна индустриска групација што ја поддржува економијата на земјата.

Но, два извора запознаени со размислувањата на австриската влада рекле дека фунцкионерите не се подготвени по секоја цена да го бранат последниот договор на банката за купување удел во „Strabag“, кој го изгради олимпискиот стадион за Зимските олимписки игри во Сочи и луксузни апартмани во Москва.

Портпаролот на Европската комисија, која ги надгледува санкциите на ЕУ наметнати на Дерипаска, вели дека тие се запознаени со трансакцијата, дека побарале појаснување од австриските власти и чекаат одговор.

ЕК „е во близок контакт со американските власти“, додаде портпаролот. „Генерално, според санкциите на ЕУ, средствата на поединци и субјекти кои се предмет на замрзнување на имотот мора да бидат замрзнати, односно тргувањето со овие средства е суштински забрането“, додаде портпаролот на ЕК.

Руските власти јасно ѝ ставија до знаење на RBI, која има околу 2.600 корпоративни клиенти, четири милиони сопственици на сметки и 10.000 вработени во Русија, дека сакаат таа да остане во Русија, бидејќи овозможува меѓународни плаќања.

Во деловниот извештај за 2023 година, RBI повтори дека ги проучува опциите за излез од рускиот пазар, во согласност со барањето на Европската централна банка, истакнувајќи дека континуирано ги намалува операциите во Русија.

Тие наведуваат дека имаат повеќе од преполовени заеми во Русија од вториот квартал на 2022 година, на само шест милијарди евра. Обемот на плаќања е ограничен на предвоеното ниво, а пазарниот удел на Рајфајзен е повеќе од преполовен во споредба со највисокото ниво.

„Групата сè уште работи на можна трансакција, продажба или одвојување на (рускиот) бизнис, што би резултирало со одвојување на Raiffeisenbank Russia од структурата на групацијата“, објавија тие во презентацијата.