Д-р Магдалена Спасевска е специјализант на стоматолошка протетика. Големата желба кон естетиката ја насочи да започне со едукации за естетика за време на студии кои се континуирани и до ден денес. Д-р Магдалена дава големо внимание на личниот развој и едукација во областа на естетската и anti-aging медицина, затоа што задовoлни и среќни пациенти е нејзина примарна цел.
Континуирано посетува многубројни едукации кои се одвиваат во нашата држава и надвор од неа. Исто така е едукатор во Beauty&academy за многу естетски третмани, каде несебично го дели своето знаење и секогаш е тука за нејзините колеги, ученици кои имаат континуирана поддршка во текот на работата.
Естетската медицина има многу начини за продолжување на младоста и свежината, а еден од нив е биоревитализацијата.
Биоревитализацијата е третман кој е наменет за хидратација на кожата, подмладување, нејзино осветлување и изедначување на тенот.
После 25-та година производството на колаген и еластин во епидермисот се намалува и нема толку многу хијалуронска киселина во кожата.
Во текот на третманот во кожата се инјектираат мали дози на чиста хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина е главниот структурен елемент на сврзното ткиво.
Хијалуронската киселина ја одржува влажноста на кожата. Ова улога на хијалуронската киселина во навлажнувањето на кожата ја обезбедува младоста на кожата.
Количината на хијалуронска киселина во дермисот на младите е прилично голема. Со текот на годините почнува незапирливо да опаѓа и на тој начин го намалува тонусот на кожата, затегнатоста, еластичноста, кожата станува дехидрирана и се формираат брчки. Покрај природното биолошко стареење, на кожата влијае и фотостареењето, односно стареењето на кожата дополнително го стимулираат УВ зраците.
Што е биоревитализација?
Биоревитализацијата или како што самиот збор вели природна ревитализација е метода на инјектирање која подразбира внесување на препарати на база на хијалуронска киселина во кожата.
Третманот биоревитализацијата се препорачува за :
Клиенти кои пушат и имаат „уморен“ изглед на нивната кожа
Млада кожа – профилакса на стареење
Сува и дехидрирана кожа
Намалена еластичноста на кожата
Брчки
По агресивни процедури на кожата
Кожа склона кон акни и зголемени пори,
Лузни
Кожа често изложена на сонце или солариум,
Нерамномерен тен
Темни подочници
На кои регии се прави овој третман ?
Вообичаено, биоревитализацијата се прави во пределот на лицето, вратот, деколтето и рацете. Овие делови од телото бараат најголемо внимание, бидејќи овие регии се најмногу оштетени од УВ зраците и погодени од фотостареењето. Сепак, генерално, биоревитализацијата може да се изврши во било која регија од телото.
Какви ефекти да се очекуваат и колку третмани се потребни?
Резултатите од биоревитализацијата ќе ги забележите веќе по првиот третман.
Намалување на брчките
Навлажнување и хидратација на кожата
Изразен лифт ефект
Забавување на процесот на стареење на кожата
Подобрување на еластичноста на кожата
Ја прави кожата мазна
Го намалува интензитетот на хиперпигментација (пеги) и помага во заздравувањето на лузните
Колку третмани се потребни?
За да се постигне идеален ефект, пожелно е биоревитализацијата да се направи во серија од 3-4 процедури.
Колку долго трае третманот?
Третманот трае 30-60 минути во зависност од регијата каде што се изведува. Вообичаено, нема болни чувства, меѓутоа, во случај на преосетливост, користиме анестетик во вид на крема. По процедурата е можен мал оток, црвенилото е нормална реакција на кожата која исчезнува за краток период.
Препораки по процедурата
По постапката, се препорачува избегнување сауна, бања, базен, УВ зраци 14 дена. По третманот со биоревитализација, избегнувајте да пиете алкохол, бидејќи предизвикува проширување на крвните садови.
По биоревитализацијата, ќе добиете консултација за тоа како да ја негувате вашата кожа дома.
Кога е време за третман на биоревитализација?
За да се постигне ефект на подмладување, експертите препорачуваат третмани да се започнат од 30-годишна возраст.
Меѓутоа, доколку имате сува кожа или некој друг проблем, постапката може да се направи многу порано, веќе на 25 години.
Контраиндикации за биоревитализација:
Пациенти кои имаат тенденција да создаваат хипертрофични лузни или келоиди
Пациенти кои имаат проблеми со коагулацијата на крвта или се на антикоагулациона терапија
Тешки хронични автоимуни заболувања
Малигни тумори
Бремени жени или доилки
Автоимуни заболувања
Акутни вирусни инфекции и сите други акутни инфекции придружени со температура
Кожни болести на местото каде што се спроведува третманот
Алергиска реакција на хијалуронска киселина
Автоимуни болести на сврзното ткиво