Педесет милитанти загинаа во израелски напад врз болницата Ал Шифа

Уште 50 милитанти се убиени во офанзивата на израелската армија врз болницата Ал Шифа во градот Газа, соопшти денеска армијата.

-Во изминатиот ден во размената на оган беа елиминирани над 50 терористи, соопшти армијата, додавајќи дека од почетокот на операцијата пред неколку дена во реонот на болницата биле елиминирани повеќе од 140 милитанти.

Израелските сили објавија и дека пронашле складишта за оружје.

Цивилите, пациентите и лекарите не се повредени, а медицинската опрема не е оштетена, тврдат од армијата.