Околу 40 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во масовно пукање што се случи вечерва во познато концертно место Крокус во московскиот регион.
Најмалку тројца вооружени напаѓачи, облечени во борбена облека, упаднале во концертната хала и пукале од автоматско оружје. Официјална потврда за жртвите сѐ уште нема.
Државниот информативен сервис ТАСС објави дека една третина од огромниот комплекс е зафатен од пламен.
Агенцијата додаде дека војниците на специјалните сили од руската гарда пристигнале на локацијата. Во меѓувреме, има непотврдени тврдења дека се испратени хеликоптери за гаснење на пожарот.
Footage of the fire in Crocus City Hall Moscow pic.twitter.com/zwj1LOnXEg
— Sputnik (@SputnikInt) March 22, 2024
Видео начала стрельбы в «Крокусе» – двое вооруженных мужчин идут по холлу.#Москва #Крокусситихолл pic.twitter.com/2QbjW8wnNL
— elessarchik (@elessarchik) March 22, 2024
„Седевме во центарот на салата. Концертот почна, поминаа само неколку минути, една-две гранати експлодираа на средина, почна да се крева сив чад. Започна паника“, изјави очевидец за РИА Новости.
Дописникот на Спутник од местото на настанот изјавил дека по пукањето напаѓачите фрлиле граната или запалива бомба, што предизвикало пожар.
„Луѓето во салата се симнаа на подот за да го избегнат пожарот, лежејќи таму околу 15-20 минути, по што почнаа да лазат надвор. Многумина успеаја да излезат“, додава дописникот.
Видеата на социјалните мрежи покажуваат и луѓе кои брзаат да излезат од концертната сала.
The Russian media reports a shooting at the largest concert hall in Moscow.
At Crocus City Hall, during a concert by the band Picnic, an unknown person opened fire. Eyewitnesses report a large number of casualties.#Russia #Moscow #Shooting #CrocusCityHall pic.twitter.com/rBraXhqovT
— Ulfh3dnar (@Ulfh3dnar_) March 22, 2024
Крокус се наоѓа во Московскиот регион, веднаш надвор од административната граница на главниот град на Русија. Комплексот вклучува концертна сала, аквариум и место за венчавки заедно со многу продавници и ресторани.