На годишнината од НАТО бомбардирањето на Србија, западните амбасадори жалат за невините жртви

Амбасадорите на Франција, Италија, Германија, Норвешка, САД и Обединетото Кралство во Белград во саботата во заедничка изјава, во пресрет на 25-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на тогашна СР Југославија, оценија дека тоа беше „воена интервенција што никој не ја сакаше“, укажувајќи на „длабоко жалење за загубените човечки животи во Косово и Србија“.

На 24-ти март 1999 година, западната воена алијанса НАТО без одлука на Советот за безбедност при Обединетите нации започна со воздушни напади на територијата на Сојузна Република Југославија по неуспешните преговори во француски Рамбује за нејзината јужна покраина Косово и Метохија каде албанското мнозинство со поддршка на земјите кои го предводеа нападот под кодното име „Милосрден ангел“ еднострано во 2008 година прогласи независна Републока Косово.

Алијансата од ОН, тврдејќи дека станува збор за хуманитарна интервенција. Повелбата на ОН забранува употреба на сила освен со одлука на Советот за безбедност или во самоодбрана од напад според членот VII, од кои ниту еден не беше присутен во овој случај. Непосредна причина за акцијата беа настаните во Рачка и одбивањето на југословенската делегација да го потпише Рамбујескиот договор.

Членките на НАТО тврдат дека се обидоа да добијат одобрение од ОН да ја нападнат СР Југослвија, на што се спротивставија Кина и Русија, најавувајќи вето, па НАТО ги започнал воздушните напади без одобрение од ОН кои траеја до 10-ти јуни 1999 година, во кои загинаа најмалку 1.200 до 4.000 цивили. Тогаш беше постигнат договор во Куманово, со кој беше одредени повлекување на југословенската војска и полициските сили од Косово и Метохија и формирањето на Привремената административна мисија на ОН (УНМИК). Всушност со подоцнежната резолуција на ОН 1244, се предвидува меѓународна управа на регионот, на што се повикува Србија осппорувајќи ја косовската независност.

Повлекувањето на војската и полицијата беше придружено со насилен егзодус на десетици илјади Срби од територијата на Косово и Метохија аво 2004 година следеше нов погро, а во февруари 2008 година косовскиот парламент еднострано прогласи независност со мнозинска поддршка на Западот. Денешната државност на Косово, според косовските власти, ја поддржуваат околу сто земји-членки на ОН, додека Србија го смета Косово за своја територија и тврди дека поддршката за косовската независност во моментов е многу помала во Генералното собрание.

Процесот на нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина започна во април 2013 година со Бриселскиот договор под покровителство на ЕУ, а овој процес, заедно со меѓусебните обвинувања, е проследен со постојани тензии.

Амбасадорите на водечките западни земји во денешното соопштение истакнаа дека „Операцијата на сојузничките сили осмислена да го принуди Слободан Милошевиќ, тогашниот претседател на СРЈ, да ја запре злоупотребата на цивилното население на Косово, да спречи хуманитарна катастрофа и да дозволи бегалци и раселените лица да се вратат, а хуманитарните организации пристап до Косово“.

Според нив, операцијата е „покрената откако биле исцрпени сите политички и дипломатски средства за да се убеди Слободан Милошевиќ за дипломатско решение преку преговори и мир на Косово“.

„Операцијата на сојузничките сили не беше насочена против народот на Србија и длабоко жалиме за загубата на човечки животи во Косово и Србија“, се нагласува во заедничката изјава по повод 25-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на СР Југославија.

Амбасадорите, зиразувајжи „жалење за изгубените животи на невините“, нагласуваат дека размислуваат за „нашата заедничка иднина со Србија и Косово во европското семејство на народи“.

„Ние го поддржуваме изнаоѓањето решение за спорот меѓу Косово и Србија, што е итно прашање за европската безбедност и убедени сме дека целосната имплементација на Охридскиот договор постигнат под покровителство и посредство на Европската унија е најдобриот начин за напредување. кон мир и стабилност за доброто на луѓето кои живеат во Србија и Косово“, се вели во соопштението за медиумите.

Охридскиот договор од март минатата година беше надграден со анекси на договорот за кој Белград и Приштина се обврзаа во Брисел во февруари истата година, но не беше постигнат напредок во неговото спроведување кон заемно прифатливо решение бидејќи Косово сака Србија да го признае, и Белград категорично одбива да го стори тоа.

„Партнерството е начинот на кој можеме заедно да ја градиме мирната и стабилна иднина каква што заслужуваат нашите народи“, се наведува на крајот во заедничката изјава на амбасадорите на Франција, Италија, Германија, Норвешка, САД и Обединетото Кралство.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во саботата изјави дека на барање на Русија ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност на ОН закажана за 25 март, по повод 25-годишнината од бомбардирањето. Дачиќ за Танјуг изјави дека се уште е под знак прашалник дали таа седница ќе се одржи.

Тој изјави дека досега било практика кога некој од постојаните членови на Советот за безбедност бара одржување седница, сите го прифаќаат, но оцени дека тоа не мора да важи во случајот со Србија, „бидејќи нема да биде првпат договорот да се прекрши и да се направи нешто спротивно“.