Израел негира дека повторно стрелал во луѓе кои чекале помош, Хамас извести за 19 мртви

Распределбата на помош во храна во Газа во саботата повторно се претвори во трагична ситуација со тврдењето на Хамас дека 19 Палестинци биле убиени од израелски оган, што израелската војска го негираше.

Министерството за здравство на Хамас првично објави дека девет лица загинале во израелски оган за време на планираната дистрибуција на помош во предградието на градот Газа. Подоцна прес-службата на палестинското исламистичко движење извести за 19 загинати и 23 ранети.

Израелската армија негираше дека пукала врз Палестинците кои чекале да им биде дистрибуирана помош.

„Извештаите дека израелските сили нападнале десетици жители на Газа во близина на хуманитарен конвој се лажни“, се вели во соопштението на армијата. Според „првите елементи“, „нема воздушен напад врз конвојот, ниту (израелските) сили отвориле оган врз луѓето во близина на хуманитарниот конвој“, се додава во соопштението.

Армијата истакна дека војниците го следеле истиот хуманитарен конвој за кој тврди дека го пресретнале а потоа „ограбувале стотици жители на Газа“.

Според податоците на ОН, огромното мнозинство од 2,4 милиони жители на Појасот Газа се во опасност од глад. Ситуацијата е особено сериозна за 300.000 луѓе кои останаа на северот на енклавата, каде што испораката на помош е уште потешка.