ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО| Исламската држава објави видео од нападот на салата во Москва

Во неделата Исламската држава објави видео од терористичкиот напад извршен во петокот во концертна сала во предградијата на Москва.

Веб-страницата Amaq, којашо западните медиуми ја сметаат како новинска агенција на ултрадикалната џихадистичка организација, во неделата објави видео од речиси 90 секунди за кое тврди дека ги прикажува напаѓачите на местото на нападот.

Во преводот на арапски се наведува дека Amaq прикажува „ексклузивни сцени од крвавиот напад врз христијаните“.

На почетокот може да се види како тешко вооружен маж со автоматска пушка пука кон ходникот каде што веќе лежат многу безживотни тела на подот. Камерата потоа се префрла кај еден од терористите, кој со нож прободува лице на подот.

Четворицата мажи потоа поминуваат низ напуштен дел од салата. Гласовите на напаѓачите се изобличени. Тоа, изобличувањето на гласовите на милитнатите на Исламската држава, инаку, досега не применуваше при објавите на нивните грозоморни дела.

Според арапскиот превод, едно лице наводно вели: „Убијте ги без милост“ и „Доаѓаме во името на Бога“.

Овие снимки,инаку, претходно се појавија не некои руски Telegram канали. Нема потврда на автентичноста на видео-материјалот. Социјалните мрежи во меѓувреме ја отстранија снимката.

Руските власти соопштија дека четворица мажи упаднале во концертната сала во петокот вечерта и отвориле оган.

Набргу по нападот одговорноста за него ја презеде Исламската држава, но руските разузнавачки и безбедносни служби се сомневаат во бејзината веродостојност, бидејќи овој напад не наликува на досегашните самоубиствени напади кои ги изведуваа припадниците на групата, туку по однапред договорена рута се обиделе да се побегнат и да се префрлат во соседна Украина.