На 3 април Македонскиот народен театар (МНТ) го слави 79. роденден, а од националниот театар соопштија дека одбележувањето ќе има хуманитарна цел.
На репертоарот на МНТ на 3 април во 12 часот ќе се игра „Силјан Штркот Шанца“ на Дејан Дуковски, а во режија Срѓан Јанаќијевиќ. Во вечерниот термин во 20 часот е „Сите сме птици“ на Важди Муавад, во режија на Слободан Унковски.
Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на 18-годишниот Леонид Индов, кој моментално е во Вина, Австрија.
Истиот ден во фоајето на театарот ќе биде претставена документарна изложба „Миг кој трае“, на која низ оригинални фотографии и предмети ќе бидат претставени дел од досега изиграните претстави од 1945 година до денес. Изложбата е отворена за публиката.