На Трамп му истекува судскиот рок за исплата на 456,8 милиони долари

На поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска му истекува рок за уплата на 456,8 милиони долари за жалбата на пресудата за измама, во спротивно Њујорк би можел да заплени негов недвижен имот.

Судијата Артур Енгорон минатиот месец пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја зголемувале вредноста на нивното богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании.

Заедно со камата, Трамп на сојузната држава Њујорк ѝ должи 456,8 милиони долари. Трамп е обвинет во четири други одделни случаи.