Во вторникот во Македонија ќе преовладува умерено до значително облачно време. Попладнето и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури се движат од минус 3 до плус 3, додека соодветно највисоките преку денот ќе бидат во интервалот меѓу 7 и 16 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, исто така, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 15 степени.