ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО| Маж во Калифорнија на улица глода отсечена човечка нога

Жител на сојузната американска држава Калифорнија бил уапсен откако полицијата била алармирана дека се движи по улицата глодајќи отсечена човечка нога.

Познатиот американски онлајн-таблоид TMZ дошол до снимката од грозоморниот инцидент направена веројатно од лицата кои пријавиле во полицијата. Младиот маж бил забележан во петокот во близина на Бејкерсфилд, во малото гратче Васко.

Претставници на локалните власти во округот Керн, каде се случил бизарниот настан, велат дека мажот кој е идентификуван како извесен Росендо Телез, велат дека тој го земал човечкиот екстремитет од место на несреќа каде претходно истиот ден маж бил удрен од воз. А набргу потоа, Телез бил забележан на улица со застрашувачкиот остаток во рацете.

Некои очевидци дури уверувале дека мажот ја глодал ногата, велејќи дека тоа го потврдуваат снимките, кои упатуваат на можно такво дејствие.

Против уапсениот веднаш се покренати неколку обвиненија, меѓу кои и за незаконско поседување реквизити за консумирање наркотици, а исто така „земање човечки останки од локација, кои не се гробишта“. Ќе биде изведен пред судија подоцна во вторникот.